Поради коронавирусот може да очекуваме промени и на YouTube

Објавено на 17.03.2020 во Новости



Поради коронавирусот може да очекуваме промени и на YouTube

Нема индустрија и компанија на која не влијае коронавирусот, повеќе негативно, одошто позитивно, оти некој и профит прави од тоа. Најлошото доаѓа, оти многу луѓе може да останат без работа, додека некои компании ќе мора да стават клуч на врата. 

Промени ќе има и за корисниците на YouTube, за кого во наредниот период повеќе ќе се грижи софтверот и вештачката интелигенција, отколку луѓето. Ако Google ги прати вработените дома, тогаш ќе мора да се активира машината за преглед на проблематична содржина на YouTube, која пак, повторно ќе мора да биде надгледувана од човек. Поради тоа ќе може да очекуваме зголемување на бројот на погрешно избришани и отстранети видеозаписи, кои софтверот ќе ги означи како неприкладна содржина што не е во согласност со правилата на компанијата. 

Автор: Aleksandar Stankov