Прв пат Apple ќе претстави два евтини смартфона
Објавено на 18.03.2020 во Новости
Веќе знаеме за iPhone 9 како поевтина варијанта, додека другиот модел ќе биде iPhone 9 Plus, со поголем дисплеј од 5.5 инчи. iPhone 9 ќе се базира на моделот iPhone 8, додека iPhone 9 Plus ќе се базира на iPhone 8 Plus.
Од iPhone 9 очекуваме LCD дисплеј од 4,7 инчи, Home копче за отклучување под екранот, без Face ID, и топ хардвер како најмоќните модели на iPhone. Под хауба ќе биде со A13 Bionic процесор и прифатлива цена. Се зборува дека iPhone 9 ќе може да се купи за 399 долари. Apple би требало да го претстави деветката кон крајот на март.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.