Huawei P40, P40 Pro и P40 Pro Premium пристигнуваат за 1 недела
Објавено на 18.03.2020 во Новости
Huawei ќе ги претстави новите P40, P40 Pro и P40 Pro Premium на 26 март онлајн, за кои се уште не ги знаеме целосно спецификациите.
Новите телефони на кинескиот бренд ќе бидат повисоки, а P40 и P40 Pro доаѓаат во шест различни бои: сребрена, сива, портокалова, црна, сина и аурора. Huawei P40 Pro Premium доаѓа само во црна и бела боја. Последниот моќник би требало да чини околу 1300 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.