Honor 30S доаѓа на 30 март

Објавено на 19.03.2020 во Новости



Honor 30S доаѓа на 30 март

Honor суб-брендот на Huawei потврди дека на 30 март ќе се одржи официјалната промоција на новиот смартфон од средната висока класа Honor 30S кој ќе има доста прифатлива цена за поширока група на купувачи.

Honor 30S ќе има четири сензори на главната камера на задната страна, вградена селфи камера на предната страна, ќе работи со осум-јадрен Kirin 820 процесор, со поддршка за 5G мобилна мрежа, како и супер брзо полнење на батеријата од 40W.