Nokia 8.3 носи 5G конекција со одлична цена и перформанси

Објавено на 22.03.2020 во Новости



Nokia 8.3 носи 5G конекција со одлична цена и перформанси

HMD Global го лансираше новиот смартфон Nokia 8.3 кој нуди супер брза 5G мобилна конекција во средната висока класа, со гарантирани перформанси и многу прифатлива цена споредено со далеку поскапите модели во премиум класата.

Nokia 8.3 работи со осум-јадрен Snapdragon 765G процесор, 6 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, има огромен 6,8 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, PureView камера со четири сензори на задната страна, батерија со капацитет од 4500 mAh и брзо полнење од 15W.

Новиот Nokia 8.3 во продажба ќе биде достапен од јуни се цена од околу 600 евра што е доста прифатливо за 5G смартфон со ефикасен процесор, прегледен дисплеј и огромна батерија.