Сакате да гледате YouTube или Netflix во HD? Содржината ќе биде со намален квалитет

Објавено на 22.03.2020 во Новости



Сакате да гледате YouTube или Netflix во HD? Содржината ќе биде со намален квалитет

Епидемијата од коронавирусот не ги оптеретува телеоператорите и нивната инфраструктура, туку и сервисите на YouTube. Милиони луѓе што поради епидемијата се приморани да останат дома, времето го минуваат со гледање на видеа.

Тоа доведува до гушење на интернет врските и преоптеретување, па во YouTube одлучиле да го намалат квалитетот на своите видеа, а со тоа и нивната големина, со цел корисниците и понатаму да може постојано да уживаат.

YouTube соопштува дека намалување на квалитетот на прикажување се однесува за ЕУ и Велика Британија во следните месец дена. Потоа Google ќе ја ревидира одлуката. Netflix веќе го намали квалитетот на своите видеа и проценува дека тоа ќе го олесни користењето на платформата до 25%. Истакнуваат дека намалениот квалитет ќе го забележат одредени корисници што исклучиво ја гледаат нивната содржина во висока резолуција, додека за останатите корисници се ќе остане исто.