Samsung затвори фабрика за да спречи ширење на КОВИД-19

Објавено на 23.03.2020 во Новости



Samsung затвори фабрика за да спречи ширење на КОВИД-19

Samsung е принуден да затвори голема фабрика во Индија со цел да спречи ширење на корона вирусот, а со тоа и на болеста КОВИД-19 помеѓу вработените и луѓето со кои тие ќе бидат во контакт.

Фабриката е привремено затворена по дадените препораки од страна на Владата на Индија и се очекува по одреден период да се отвори повторно со засилени мерки за заштита на вработените.

Ова е една од најголемите фабрики на Samsung со капацитет на производство на 120 милиони смартфони годишно.