iPhone 12 Pro Max ќе има промени со подобрување во камерата
Apple iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max се двата топ модела на годината, а аналитичарот Минг-Чи Куо вели дека Apple планира неколку надградби за двата уреда, но таа што е најважна, ќе се реализира за неколку години. Стабилизација на сликата би можело да има за сите камери.
Куо вели дека 6.7-инчениот iPhone 12 Pro Max би можел да добие нов сензор со нова технологија за стабилизација на сликата. „Sensor-shift“ стабилизацијата на слика во хардверот е фундаментално различна од оптичката стабилизација на сликата (OIS), технологија што Apple ја вградуваше во сите телефони со години. Разликата кај сликата ќе биде минимална и нема многу да биде различна, само што sensor-shift стабилизацијата за слика доаѓа со предноста што ќе може да се комбинираат било какви леќи, затоа што тоа ќе зависи исклучиво од сензорот.
Оваа алатка нема да биде присутна и кај помалиот 6,1 инчен iPhone 12 Pro. Најголемиот недостаток е тоа што нема да има перископска камера во iPhone дури до 2022 година.