Samsung дизајнирал помали чипови за зголемување на батеријата во Galaxy Buds+

Објавено на 25.03.2020 во Новости



Samsung дизајнирал помали чипови за зголемување на батеријата во Galaxy Buds+

Samsung го менува дизајнот на слушалките, а лансира и ниво чипови за подобрување на животниот век на слушалките. Потрошувачите бараат безжични слушалки, чијашто батерија ќе трае подолго време, при што овој пазар се зголемува.

Пазарот со безжични слушалки пораснал за 200% од 2018 до 2019 година. Затоа производителите сега мора да ги подобрат овие производи со тоа што овие True Wireless Stereo уреди (TWS) - оригиналните AirPods и Galaxy Buds, ќе ги направи во комплет понуда со телефоните. 

Samsung има решение за овој проблем, ги открива новите MUA01 и MUB01 чипови, кои се со power management integrated circuits (PMICs). Новата технологија овозможува да бидат слушалките помали, што значи дека производителот ќе има повеќе слобода во дизајнирањето. Samsung комбинираше 10 различни компоненти и ги спои во еден чип. Некои од компонентите овозможуваат да се полнат слушалките безжично и жично, а firmware-от на чипот исто така се модификува со цел да може да поддржува различни апликации.

Со намалувањето на големината на слушалките се овозможува да се вгради поголема батерија во Samsung Galaxy Buds+ за да трае до 11 часа со постојана активност, што ќе придонесе да биде најдобрата батерија од сите TWS уреди, додека AirPods 2 и AirPods Pro овозможуваат 5 часа.