iPadOS 13.4 сега нуди целосна поддршка за TrackPad додатоци

Објавено на 25.03.2020 во Новости



iPadOS 13.4 сега нуди целосна поддршка за TrackPad додатоци

Apple ја пушти во употреба новата верзија на оперативниот систем iPadOS 13.4 наменета само за таблетите која сега нуди целосна поддршка за TrackPad додатоци.

Корисниците на iPad таблетите од поновите генерации кои имаат пристап до iPadOS 13.4 ќе може да поврзат надворешен TrackPad со физичка тастатура и навигација и команди на допир на тактилна површина. 

Исто така може да поврзете и надворешен маус преку Bluetooth или USB при што ќе се покаже стрелка односно поинтер.