Redmi K30 Pro Zoom достапен со 12 GB RAM

Објавено на 27.03.2020 во Новости



Redmi K30 Pro Zoom достапен со 12 GB RAM

Xiaomi преку суб-брендот Redmi лансираше нова верзија на хит исплатливиот смартфон Redmi K30 Pro Zoom кој сега е достапен со 12 GB работна меморија и 512 GB основна вградена меморија за складирање на податоци и фајлови.

Redmi K30 Pro Zoom е смартфон специјализиран за мобилна фотографија со четири сензори на главната камера во кои е вклучено 64 MP + 8 MP телефото леќа, 13 MP ултраширока леќа и 2 MP леќа за длабочина.