Facebook и Google: 44 милијарди долари во загуба од коронавирусот

Објавено на 27.03.2020 во Новости



Facebook и Google: 44 милијарди долари во загуба од коронавирусот

Со затварањето на луѓето во четири ѕидови, повеќе се свртеа кон мобилните уреди и компјутерите, односно социјалните мрежи и платформите за комуникација. Времето поминато на Facebook е со енормен пораст, а големиот раст ги бележи WhatsApp и другите сервиси преку кои можеме да комуницираме со пријателите и роднините, кога веќе не можеме во живо.

Со коронавирусот од една страна се зголемува сообраќајот, но од друга страна се намалува профитот од рекламите. Се разбира, буџетот за маркетинг се намалува во вакви кризни времиња, па така технолошките компании ги кратат своите трошоци исто така, т.е. ја намалуваат брзината на функционирање на сајтовите. 

Аналитичката компанија Cowen & Co. тврди дека Facebook и Google имаат катастрофален пад од заработувачката од рекламирањето. Во најлошото сценарио би можеле да изгубат неверојатни 44 милијарди долари. Cowen & Co. тврди дека влијанието на коронавирусот ќе ги намали приходите на Twitter за 18%, додека Snap ќе падне за 30%.

Автор: Aleksandar Stankov