Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2

Објавено на 28.03.2020 во Новости



Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот онлајн настан, ќе биде достапен на корисниците на Северна Македонија од 6-ти април во атрактивен пакет со Watch GT 2 и алатката Huawei VIP Service.

Пакетот започнува со продажба исклучиво на продажните места на Сетек од 06.04.2020 до 30.06.2020 (Македонски Телеком и Нептун кон крајот на месец април) или додека не се потрошат ограничените количини, по препорачана крајна цена од 59,999.00 денари.

Дополнително складирање од 50 GB и Huawei VIP Service 

Покрај Watch GT 2, пакетот со кој се започнува продажбата на Huawei P40 Pro, вклучува и 50 GB бесплатно складирање за 12 месеци на Huawei Mobile Cloud.

Huawei P40 Pro е исто така дел од програмата Huawei VIP Service, со која компанијата ќе понуди удобна лична помош за непречена транзиција кон користење на новиот смартфон базиран на Android 10, со познатиот интерфејс EMUI 10.1 и доаѓа со сопствената продавница за Апликации на компанијата - Huawei AppGallery.

На располагање на потрошувачите е и бесплатната линија за услуги на клиентите - 0800 55 550, како и официјалниот Фејсбук профил.

Пакет од иновации
Huawei P40 Pro доаѓа со 8 GB RAM меморија и 256 GB внатрешно складирање, како и квадратен 6,58-инчен OLED дисплеј, и импресионира со досега невидениот четирикратен фотографски систем развиен заедно со Leica. Таа се заснова на физички најголемиот CMOS сензор во мобилните уреди, кој заедно со многу други иновативни технологии придонесува за незамислив квалитет на фотографии и видеа во какви било услови, дури и во услови на многу слаба осветленост. Врз основа на ултра моќниот чипсет Kirin 990 5G, новиот предводник ја има целата моќност што му е потребна за да може да работи непречено и со најпребирливите апликации, и да користите напредна вештачка интелигенција за да добиете опции како избор на најдобар кадар при брзо снимање на подвижни предмети, отстранување на несакани предмети, случајно влезени во кадарот, приближување на звукот до сликата при снимање видео и многу други. 

Селфи-камерата е исто така достојна за целосниот иновативен пакет - тоа е двојна камера од 32MP, со што се гарантира природен ефект на вашиот автопортрет, а со неа можете да снимите дури и 4K селфи видео.
Watch GT 2 е уред кој ни помага да го промениме нашиот став кон здравјето, начин на живот и физичка активност на дневна основа. Со траење на батеријата до 2 недели, следење на 15 типови спортски активности, постојано следење на срцевата фреквенција и нивото на стрес, мерење на квалитетот на спиењето и нудење вредни совети за подобрување на истите преку Huawei Health App, Watch GT 2 е пример за тоа како екосистемот на поврзаните уреди помага во подобрување на целокупниот квалитет на живот на потрошувачите.
Боите во кои P40 Pro ќе биде достапен на македонскиот пазар се Black, Ice White и Silver Frost. 

###


За Huawei Consumer Business Group
Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и ги користат 1/3 од светското население. Компанијата има 14 истражувачки центри во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици на компанијата и е активна во областа на мобилни телефони, компјутери и таблети, преносни и софтверски уреди и сл. Глобалната мрежа на Huawei е изградена со скоро 32 години искуство во телекомуникациската индустрија, а целта е да се испорачаат најновите технолошки иновации на потрошувачите ширум светот. 

За повеќе информации: https://consumer.huawei.com/mk/
За најновите информации во врска со Huawei Consumer Business Group, следете нè на:
Facebook:  facebook.com/HuaweimobileMK/
Twitter: twitter.com/huaweimobilemk