Motorola One доби многу промени со Android 10 надградбата

Објавено на 28.03.2020 во Новости



Motorola One доби многу промени со Android 10 надградбата

Motorola Mobility покажува зошто е важно да се има блиско партнерство со Google бидејќи корисниците на нивните смартфони редовни и долготрајно добиваат квалитетни софтверски надградби.

Таков е примерот и со моделот Motorola One кој беше лансиран пред две години, а сега стигна до најновата и последно достапна верзија на оперативниот систем Android 10. Motorola One со надградбата добива целосна примена на Dark Mode низ сите менија доколку тоа е избор на корисникот. 

Покрај новите опции во оперативниот систем, заедно во надградбата за Motorola One пристигнува и февруарската безбедносна надградба, што значи дека смартфонот ќе биде дополнително заштитен од сите нови хакерски закани.