Huawei вложува 200 милиони за креирање сопствени компјутерски решенија

Објавено на 29.03.2020 во Новости



Huawei вложува 200 милиони за креирање сопствени компјутерски решенија

Huawei вложува вртоглави 200 милиони долари, како дел од 5 годишниот голем проект за долгорочно вложување на 1,5 милијарди долари. Целта на кинескиот бренд е поддршка на независните девелопери на хардвер и софтвер за компјутерски решенија.

„Независните експерти за развој се клуч за промена во технолошкиот свет. Тие потикнуваат иновации во компаниите и се основата за новиот индустриски екосистем, а ќе продолжиме со развој на сопствен Kunpeng процесор, според дизајнот на британскиот Arm Holdings“, соопштуваат од Huawei.

Huawei издаде соопштение во петокот за издвојување на големи средства со цел поттик на користењето на нивните компјутерски решенија, со кои ќе биде се позастапена нивната технологија глобално. Huawei Cloud во моментот има 1,6 милиони девелопери, кои се очекува да станат 5 милиони до 2025 година.