Google вети 800 милиони долари за борба со корона вирусот

Објавено на 29.03.2020 во Новости



Google вети 800 милиони долари за борба со корона вирусот

Google се обврза дека ќе донира 800 милиони американски долари за борба со корона вирусот кој предизвика глобална пандемија и наметната општествена изолација што удри силно врз економијата која веќе е во рецесија.

Според планот на Google околу 250 милиони долари ќе бидат издвоени за Светската здравствена организација во грантови за реклами, околу 100 милиони долари за здравствени и владини институции ширум светот за обезбедување на соодветни информации за превенција на КОВИД-19 болеста, пота 20 милиони долари во реклами за невладините организации за повици за добротворни акции.

Google планира да подели и околу 200 милиони долари за мали и средни компании кои се погодени од кризата со корона вирусот, 340 милиони долари кредит во реклами за мали и средни компании кои имале активен профил повеќе од една година, како и 20 милиони долари во користење на Google Cloud за образовни и академски институции за истражувања поврзани со пандемијата. 

Автор: Aleksandar Stankov