Honor 30 ќе има одлична камера со пониска цена

Објавено на 29.03.2020 во Новости



Honor 30 ќе има одлична камера со пониска цена

Honor ќе го следи чекорот на „поголемиот“ брат Huawei кој неодамна ги лансираше новите премиум смартфон од новата серија Huawei P40. Honor како суб-бренд планира нов модел кој ќе има елементи од камерата токму од помоќните Huawei P40.

Според првичните информации за Honor 30 ќе има главна камера на задната страна со четири сензори, од кои примарниот ќе има 50 мегапиксели, поддршка за Octo Pixel автофокус, како и поддршка од 12 мегапикселен сензор со ултра широка леќа, 8 мегапикселна камера со телефото леќа и еден страничен 3D ToF сензор.