Samsung Galaxy M11 официјално пристигна со тројна камера

Објавено на 30.03.2020 во Новости



Samsung Galaxy M11 официјално пристигна со тројна камера

Samsung Mobile лансираше уште еден смартфон во достапната средна класа која веќе изобилува со огромен број на модели. Новиот Samsung Galaxy M11 го краси тројна главна камера подредена вертикално со 13 мегапикселен примарен сензор со леќа од f/1.8.

Samsung Galaxy M11 исто така располага со осум-јадрен процесор, 3 GB RAM, 32 GB основна вградена меморија, доаѓа со Infinity O LCD HD Plus дисплеј со големина од 6.4 инчи, додека пак батеријата има капацитет од 5000 mAh.

Сетот на компоненти го комплетира селфи камерата на предната страна од 8 мегапиксели, слотот за мемориска картичка и скенер за отпечатоци.