Сателитите имаат почиста слика од Европа поради блокадата од коронавирусот

Објавено на 30.03.2020 во Новости



Сателитите имаат почиста слика од Европа поради блокадата од коронавирусот

Снимките од сателитот Sentinel-5 покажуваат дека во периодот од 5. до 25. март во големите градови е забележано намалување на просечното количество на штетен азот диоксид во споредба си истиот период лани: Брисел, Париз, Мадрид, Милано и Франкфурт.

Тоа се поклопува со воведувањето на строги мерки за ограничување на движењето во сообраќајот, најголемиот извор на азот диоксид и намаленото производство во фабриките што испуштаат штетни гасови во голем број на европски земји поради пандемијата од коронавирусот. Поради загадениот воздух, околу 400 илјади луѓе прерано умираат секоја година во Европа, гласат податоците од EEA.