Samsung ги лансира AKG N400 - подобра алтернатива од Galaxy Buds+

Објавено на 31.03.2020 во Новости



Samsung ги лансира AKG N400 - подобра алтернатива од Galaxy Buds+

Samsung открива подобра алтернатива за Galaxy Buds+, кои ќе бидат значително подобри, а ќе бидат и со повисока цена. Новите AKG N400 слушалки се со активна технологија за намалување на бучава, како Galaxy Buds+ кои открија подобрување во звукот исто така.

Новите слушалки се водоотпорни, што е новитет и батеријата ќе трае до 6 часа во нормален режим, или до 5 часа кога е активирана технологијата за исклучување на надворешна бучава. AKG N400 има поддршка за Bixby, Siri, и Google Assistant, што значи дека ќе може да ги ракувате со гласовни команди. Нивната цена ќе биде околу 190 долари, што е за 40 долари повеќе од Galaxy Buds+. Достапни ќе бидат во црна, сребрена и морнарска боја.