Adobe - ажурирајте го Flash Player поради закана од хакери!

Објавено на 12.04.2016 во Windows



Adobe - ажурирајте го Flash Player поради закана од хакери!

Adobe објави надградба за Flash Player откако беше откриен безбедносен пропуст, со кој хакерите преку малициозен софтвер добиваат пристап до вашиот компјутер. Откриен е кај Windows 10, но Adobe обезбеди надградба и за Mac OS X, Linux и Chrome OS. Proofpoint и FireEye истражувале како функционира ransomware, кој претставува малициозен вирус, кој бара пари од корисникот со цел да му овозможи пристап до својот компјутер.

Се верува дека овој вирус е активен од последниот ден на март, а закрпата е објавена од 7 април. Значи, ако не сте го направиле тоа досега, не двоумете се. Сите корисници се советуваат веднаш да го ажурираат Flash, без разлика кој оперативен го користите. 

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}