POCO F2 се појави како сертифициран модел со кодно име

Објавено на 02.04.2020 во Новости



POCO F2 се појави како сертифициран модел со кодно име

Новиот модел на Xiaomi што уште не е објавен официјално, има кодна ознака M2004J11G, кој е сертифициран од руската агенција EEC. Немаме многу детали, но тоа што го знаеме е дека нема да биде ребрендиран со името Redmi K30 Pro

Аналитичариот Мукул Шарма е дециден дека тоа ќе биде POCO F2 моделот. Генералниот менаџер на POCO дивизијата во Индија, официјално изјави дека POCO F2 нема да биде достапен под тоа име, станува збор за премиум смартфон, дизајниран и развиен од POCO тимот. Се прогнозира дека POCO F2 ќе биде најевтин премиум смартфон со Snapdragon 865 процесор.