Роботот Томи ќе помага во болницата со заразените од коронавирусот

Објавено на 04.04.2020 во Новости



Роботот Томи ќе помага во болницата со заразените од коронавирусот

Томи е робот наменет за помагање на медицинскиот персонал во спасувањето и лекувањето на заболените од коронавирусот. Поради тоа што жариштето на пандемијата е во Ломбардија, Италијанците се целосно ангажирани и посветени кон спречувањето за ширење на вирусот.

„Со помошта на моите способности, медицинскиот персонал може да биде во контакт со пациентите без директен допир“, вели роботот. 

Роботот не носи маска, и не му е потребна. Тој не може да се зарази и тоа е голема предност. Томи и другите роботи се вкупно шест на број и дефинитивно помагаат во приоѓањето на заразените.