Facebook лансираше самостојна апликација Messenger за PC
Објавено на 04.04.2020 во Новости
Она што веќе долго време го правиме на нашиот смартфон, сега ќе може да го правиме и на персоналните компјутери. Facebook лансираше Messenger апликација за Windows 10 и macOS компјутери. Сега ќе ги има сите опции што ги има и апликацијата.
Досега корисниците што може да се допишуваат преку Messenger со пријателите, мораа да отворат Facebook во некој од интернет прелистувачите и таму да отворат чет. Како што појаснува потпретседателот на Messenger, Стен Чудновски, тоа веќе нема да биде потребно, оти Messenger е сега посебна апликација. Дизајнирана е за големи екрани, така што и оние со големи лаптопи или екрани, може удобно да си разговараат со пријателите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.