Нова алатка на Google Maps: Кои се рестораните со достава на храна

Објавено на 06.04.2020 во Новости



Нова алатка на Google Maps: Кои се рестораните со достава на храна

Пандемијата со COVID-19 ги удри сите држави, при што може да биде тешко да дојде до храна дома. Рестораните се затворени, но некои од нив се занимаваат со достава до дома. 

Google Maps ќе ви помогне да ги пронајдете овие места благодарение на новата алатка за ресторани со достава. Новата опција ќе стане достапна со најновата надградба за iOS и Android, коај е веќе достапна во САД, Канада, Италија и Франција, како и некои други места. Веројатно нема да можете директно да нарачувате храна од Maps, но преку него може да ги откриете локалните ресторани што може да ви донесат храна.