Microsoft: Патент за уред со двоен екран, со екран на преклопот

Објавено на 06.04.2020 во Новости



Microsoft: Патент за уред со двоен екран, со екран на преклопот

Преклопните уреди уште се „млади“ на пазарот, скапи и допрва проникнуваат. Веќе се воодушевени корисниците од нив, од кои се очекува да станат стандард во иднина.

Microsoft претходно го претстави својот Surface Duo смартфон со двојни екрани, кој ги држеше екраните со механизам за преклоп. Има пар од 5.6-инчени дисплеи и функционира со Android софтвер, продукт што ветува многу, затоа што дизајнот на Duo има поголема долготрајност отколку просечниот преклопен смартфон, како што екраните се покриени со стакло и ментешините од 360° изгледаат многу традиционално.

Surface Duo се очекува да излезе за време на летната сезона во 2020 година. Microsoft патентот демонстрира уред што е многу сличен со Duo, но со ментешини со екран на него. Ова е фантастично решение - имате рамка помеѓу два одделни дисплеи, меѓу кои просторот може да се покрие и со дисплеј. Кога уредот е затворен како школка, малиот дисплеј на механизмот ќе ги прикажува известувањата и инфо за песни кога слушате музика.