Зошто смартфоните се приближуваат до цена од 1500 долари?

Објавено на 06.04.2020 во Новости



Зошто смартфоните се приближуваат до цена од 1500 долари?

Тоа што беше порано до плафон, сега е на подот, со оглед на тоа што најевтиниот смартфон од Galaxy S20 серијата е $999, а S20 Ultra оди до $1499, на пример. iPhone 11 Pro чини $999, додека Pro Max изнесува $1449. 

Прв проговори извршниот директор на Huawei, Ричард Ју, кој објасни зошто P40 Pro чини $999. Се разбира, претпоставувате дека е поради камерата. Шефот на Huawei вели дека во следните две години ќе има простор за иновации во камерата. „Да бидеме искрени, тоа е многу скапо. Трошиме огромни суми на пари за тоа, инвестираме многу. Трошокот за камерата на P40 изнесува $100 од парче, можеби дури и над $100. Материјалот за изработка е прескап“, објаснува тој.

Дури и Apple не е имун на тоа. iPhone 6 чинеше $200 и се продаваше телефонот за три пати повисока цена, како што камерата чинеше $12. Сега iPhone 11 Pro Max чини $490 за да се произведе, а стартува со цена од $1099, со тоа што корисниците го чуваат до две години. Која е најскапата ставка кај 11 Pro Max? Не е екранот, туку тројната камера од $74.