iPhone 9 2020 сепак, доаѓа овој месец

Објавено на 06.04.2020 во Новости



iPhone 9 2020 сепак, доаѓа овој месец

Apple најверојатно до средината на овој месец ќе открие повеќе детали за новиот модел од високата средна класа iPhone 9 2020 кој всушност е нова верзија на iPhone 8 со сличен дизајн, но со неколку новитети „под хаубата“.

Веќе и кинескиот онлајн канал за продажба JD.com обезбеди место каде ќе се вршат нарачките на iPhone 9 2020 па, така сосема разбирливо е да се очекува овој смартфон наскоро да биде откриен иако беше одложен во март со оглед на ширењето на корона вирусот и застојот во набавките во фабриките во Кина.

iPhone 9 2020 ќе има најверојатно верзија со Touch ID главно физичко копче, Apple A13 Bionic процесор и камера од 12 мегапиксели со цена од околу 400 евра.





Прочитајте повеќе: