Apple тргна на шопинг: Поради кризата падна вредноста на стартапите

Објавено на 08.04.2020 во Новости



Apple тргна на шопинг: Поради кризата падна вредноста на стартапите

За едни ова е голема криза, во која е важно да се спаси жива глава, но за други ова е голема шанса за заземање на подобри позиции во иднина и купување. Кризата со коронавирусот донесе проблеми за бројни компании, а во голема опасност се и бројни стартапи, затоа што немаат веќе пристап кон финансии.

Не само што им паѓа вредноста на стартапите, туку дел од нив без помош од државата и специјалните фондови, не можат да преживеат голем пад. Apple ја препозна шансата и затоа е сега време за аквизиции. И без коронапопустот, компанијата на Тим Кук има доволно пари без проблем да преземе бројни стартапи. Само во последната недела Apple ги довршува деталите за три компании, купени од Тим Кук. 

Минатата недела прво ја преземаа популарната апликација за временска прогноза DarkSky, која е една од најдобрите апликации за временска прогноза, која веднаш после аквизицијата, DarkSky ја повлекоа од Google Play Store. Потоа ја купија и Voysis, стартап што развива вештачка интелигенција за подобрување на перформансите на дигитални асистенти во апликации за купување. Иако плановите на Apple не се познати, не е тешко да се претпостави дека нивната технологија ќе се искористи за својата гласовна асистентка Siri.

Третата компанија уште не е потврдена, а се работи за NextVR. Нивното решение се користи за пренос на настани во живо во виртуелна реалност, а кај нив, еден од корисниците е NBA лигата. Според аналитичарите, оваа аквизиција ќе вреди 100 милиони долари. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: