Трета среќа за Xiaomi Mi A3 и софтверската надградба

Објавено на 08.04.2020 во Новости



Трета среќа за Xiaomi Mi A3 и софтверската надградба

Xiaomi по трет пат ја активираше софтверската надградба со оперативниот систем Android 10 за смартфонот Xiaomi A3 откако веќе два пати истата беше повлекувана поради проблеми во функционирањето и жалби од страна на корисниците кои веќе ја инсталирале во првиоте бранови.

Сега доаѓа трета среќа и се надеваме последна за Xiaomi A3 за да ја финишира надградбата на софтверот со Android 10 со новитети како Dark Mode, безбедносни закрпи и подобро менаџирање на нотификациите.

Xiaomi A3 е дел од Android Go програмата и разбирливо е да не ги добие сите софтверски надградби со оглед на хардверските ограничувања, но од страна на тимот на Xiaomi е навистина неприфатливо грешките да се повторуваат. 





Прочитајте повеќе: