Honor 30 Pro ќе изгледа доста атрактивно

Објавено на 08.04.2020 во Новости



Honor 30 Pro ќе изгледа доста атрактивно

Honor, суб-брендот на Huawei се подготвува за наскоро да го лансира новиот модел Honor 30 Pro од кого се појави најверојатно првата официјална слика што открива дека смартфонот ќе има атрактивен дизајн.

Во фокусот на првиот рендер е ставена задната страна на Honor 30 Pro со новата Quad камера која како примарен сензор ќе има 50 мегапикселна Sony IMX700 камера, како и уште три помошни сензори за различен фокус и опфат на леќите.

Honor 30 Pro наскоро ќе пристигне со 6.57 инчен OLED FHD+ дисплеј, осум-јадрен Kirin 990 5G процесор, 8/12 GB RAM, 256 GB основна вградена меморија и батерија со капацитет од 3,900mAh со супер брзо полнење. 

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе: