Dual Sense: Нов безжичен џојстик за Sony PlayStation 5

Објавено на 09.04.2020 во Игри



Dual Sense: Нов безжичен џојстик за Sony PlayStation 5

Sony го претстави новиот бежичен џојстик за новата PlayStation 5 конзола, која наскоро ќе излезе на пазарот во продажба. Dual Sense џојстикот ги има истите спецификации како и кај џојстикот за PlayStation 4, со цел да се задржат корисниците.

L2 и R2 копчињата се подобрени и полесно се прилагодуваат на гејмерите. Кога на пример сакате да истрелите стрела, веднаш добивате подобро искуство и чувство, уште од моментот кога го затегнувате лакот. Нема веќе Share копче, туку имате Create копче. Новиот Dual Sense има и вграден микрофон, за секој случај, и покрај тоа што секој гејмер користи слушалки.