Samsung Galaxy Chromebook: 2-во-1 лаптоп/таблет со стилус

Објавено на 09.04.2020 во Новости



Samsung Galaxy Chromebook: 2-во-1 лаптоп/таблет со стилус

Samsung го претстави Galaxy Chromebook, 2-во-1 уред со Google ChromeOS оперативен систем. Уредот може да се користи и како лаптоп и како таблет со стилус. Samsung очигледно склучил нов договор со Google, со оглед на тоа што ова е прв пат Galaxy брендот да биде присутен кај Chromebook серијата.

Уредот располага со 13,3-инчен AMOLED дисплеј со 4K UHD резолуција, при што Samsung го развиваше Galaxy Chromebook во соработка со Intel, како дел од Project Athena. Galaxy Chromebook има Intel Core i5-10210U Comet Lake процесор, 8GB LPDDR3-2133 меморија, 256GB NVMe SSD, UFS + microSDXC слот и 802.11ax со Bluetooth конекција. Има два USB Type-C порта, од кои едниот служи и за напојување.

Intel UHD 630 графичка картичка е интегрирана на матичната плоча, батеријата има 47.9Wh, со што овозможува 8 часа и 20 минути непречена работа на лаптопот, додека S-Pen стилусот е вграден во самиот уред. Galaxy Chromebook го има во сива и црвена боја, а неговата цена изнесува 1000 долари.