Првата слика со Microsoft Surface Duo
Објавено на 09.04.2020 во Новости
Панос Панај, шефот за продукти во Microsoft, ја објави првата слика од смартфонот на компанијата со двоен екран на Instagram - Surface Duo. Се очекува да биде со Android оперативен систем, со два дисплеја по 5.6-инчи и резолуција од 1350 x 1800 пиксели, додека предводникот Snapdragon 855 од минатата година го има исто така под хауба.
Почетната верзија на Surface Duo ќе биде со 6GB+64GB меморија, кој ќе располага со Surface Pen. Microsoft ќе лансира уште еден сличен модел Surface Neo, кој ќе биде со уникатна верзија на Windows 10, кој ќе биде специјално наменет за двојниот екран.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.