Лансирана Huawei Card за конкуренција со Apple

Објавено на 09.04.2020 во Новости



Лансирана Huawei Card за конкуренција со Apple

Huawei ја лансираше својата платежна картичка Huawei Card која треба да биде еден од главните конкуренти на Apple Card во делот на бесконтактните мобилни трансакции. 

Huawei Card ќе биде поддржана од UnionPay, е комплементарна со новата серија на премиум смартфони Huawei P40, а исто така ќе ги поддржува сите функции за мобилни плаќања и трансакции кои ги има воспоставено Huawei Pay.

Првата година за користење на Huawei Card нема да се наплаќаат никакви надоместоци, додека пак за втората година ќе треба да се исполни одреден промет за да нема дополнителни трошоци кои се вообичаени кај сите платежни картички.

Исто така со Huawei Card ќе има различни програми за лојалност на корисниците со поврат на средства, бонуси, награди и ВИП третман од мрежата на компании со кои ќе соработува Huawei.