Знаевте ли дека може да го снимате разговорот на Zoom

Објавено на 10.04.2020 во Новости



Знаевте ли дека може да го снимате разговорот на Zoom

Zoom прераснува во нешто големо во уште поголемо, со оглед на тоа што сите учители држат онлајн часови преку оваа апликација и сите деловни корисници држат обуки и конференции преку оваа апликација. Лесна е за употреба, и затоа е убаво да се поучиме како можеме да си ги снимаме нашите конференции.

Да, може да го снимате вашиот разговор на Zoom, без оглед на тоа дали сте host (домаќин) или поканет. Со најновата надградба на апликацијата, треба автоматски да ви се појави новата опција Record. Кога ќе ја одберете оваа опција, ќе ви се појави опција дали да се снима видеото на компјутерот или на вашиот Cloud акаунт. Погледнете го видеото за да проверите каде точно се наоѓа опцијата.