Samsung воведува Безбеден сервис за своите корисници

Објавено на 10.04.2020 во Новости



Samsung воведува Безбеден сервис за своите корисници

Samsung Electronics ја најави услугата Безбеден сервис, со цел да им обезбеди на корисниците непречено сервисирање на производите и во околности кога е потребно да останете дома. Услугата Далечински сервис овозможува брзо поправање на телевизори и смартфони, додека услугата Од врата до врата ќе се овозможи сигурно, бесконтактно преземање и транспорт на уредот.

Samsung истовремено ќе спроведува и дополнителна дезинфекција на уредот, со цел хигиената да биде на повисоко ниво. После контактирањето на корисничката поддршка, со Далечинскиот сервис потенцијалниот проблем што може да се појави на телевизорот на Samsung или смартфонот, ќе биде брзо решен, без потреба од излегување од дома. 

Преку апликацијата Smart Tutor, со согласност на корисникот, агент од корисничка поддршка ќе може далечински да му пристапи на уредот со цел да го прегледа, а сите чекори на корисниците може да се следат на својот екран. На овој начин, помошта ќе биде укажана при секојдневните активности, како што се оптимизацијата на профилот, различните подесувања или ажурирање на софтверот и апликациите.

Со користењето на услугата Од врата до врата, во случај на дефект на телевизор или смартфон, корисниците може да ја повикаат корисничка поддршка, по што мајсторите ќе пристигнат на саканата адреса и ќе го преземат уредот за поправка. Доколку корисникот одлучи сам да го предаде уредот во сервис, тоа може да го направи на безбеден начин, без контакт со сервисниот персонал. Уредот после обработка ќе биде вратен на адресата на престојување. Samsung пред и после сервисирањето ќе ги дезинфицира сите уреди, со употреба на алкохол или напредна UV-C технологија. Со тоа без никакви оштетувања уредот ќе биде вратен со 99% отстранети честички.