Sony ги изненадува своите корисници со 4 подарок игри за PS4

Објавено на 18.04.2020 во Игри



Sony ги изненадува своите корисници со 4 подарок игри за PS4

Sony сака да им излезе во пресрет на корисниците за време на коронавирусот, со тоа што им подарува четири игри за PlayStation 4 конзолата. Во склоп на иницијативата Play At Home, се подаруваат четирите игри: Journey, Drake’s Fortune, Uncharted 2: Among Thieves и Uncharted 3: Drake’s Deception. 

Играта Journey, доби оценка 10/10 на GameSport порталот, кој содржи информации само за за игри и ги рецензира. Времето за преземање е ограничено и игрите ви се достапни за преземање до 5 мај.