Видео: Како да ги инсталирате најпопуларните апликации на Huawei P40?

Објавено на 23.04.2020 во Новости



Видео: Како да ги инсталирате најпопуларните апликации на Huawei P40?

Huawei неодамна вклучително и на македонскиот пазар ги лансираше трите нови одлични смартфони од Huawei P40 премиум класата кои нудат модернизирана мобилна фотографија, напреден процесор, прекрасни дисплеи за приказ на мултимедијални содржини и одлични алатки за работа, организација и забава.

Како што знаете новите смартфони на Huawei немаат пристап до Play Store електронската продавница на Google, но тоа воопшто не значи дека корисниците ќе бидат ускратени од инсталирање и активирање на најпопуларните мобилни апликации.

На сцена стапува Huawei App Gallery, новиот маркет за сите квалитетни апликации, социјални мрежи, игри и алатки за секојдневна употреба. Се што треба да направите е да ја отворите алатката  More Apps и тука ќе ги најдете топ апликациите кои се и најчесто симнувани како што се Facebook, Instagram, Viber, WhatsApp, Linkedin и уште многу други.

Исто така во самото мени на Huawei App Gallery има можност за откривање на нови апликации и нивно пребарување. Иститите се инсталираат со највисоко ниво на безбедност па така ќе бидете сигурно дека со Huawei P40 сте заштитени во секое време.