Facebook потврди, лимитот за учесници во групни разговори на WhatsApp се зголемува

Објавено на 25.04.2020 во Новости



Facebook потврди, лимитот за учесници во групни разговори на WhatsApp се зголемува

Facebook и официјално потврди дека лимитот за учесници во групни аудио и видео повици на апликацијата WhatsApp од 4 се зголемува на 8 со цел да се одговори на потребите на корисниците кои сега претежно работат од дома.

Претходно доказот за зголемување на лимитот на учесници на WhatsApp во групните разговори беше откриен преку код во бета верзијата на апликацијата. Наскоро ќе следи целосна софтверска надградба на WhatsApp па за зголемениот лимит сите ќе треба да ја инсталираат новата верзија.

Предноста на групните разговори на WhatsApp е тоа што нуди end to end енкрипција, односно никој нема пристап до содржината на корисниците, ниту WhatsApp ниту Facebook.