iPhone 12 смартфоните ќе ги задржат цените на ланските модели

Објавено на 03.05.2020 во Новости



iPhone 12 смартфоните ќе ги задржат цените на ланските модели

Apple оваа година најверојатно нема да воведе зголемување на цените во премиум сегментот на новите iPhone 12 Pro смартфони кои според најновите протечени информации ќе ги задржат цените на ланските модели. 

iPhone 12 Pro со 6,1 инчен дисплеј со 5G технологија, А14 процесор, алуминиумско тело, камера со три сензори и мал засек за селфи камерата на предната страна ќе чини 999 долари. За сто долари ќе биде поскап iPhone 12 Pro кој пак ќе има поголем дисплеј од 6,7 инчи.

Во оваа понуда ќе влезат и нешто поевтините iPhone 12 со 5,4 инчен дисплеј со цена од 649 долари исто така со 5G, но со двојна главна камера, како и iPhone 12 со 6,1 инчен дисплеј со цена од 749 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: