Xiaomi претстави два модела од Redmi 9 и Mi Note 10 Lite

Објавено на 04.05.2020 во Новости



Xiaomi претстави два модела од Redmi 9 и Mi Note 10 Lite

Првиот Lite модел од минатогодишната верзија на Mi Note 10 е единствената разлика меѓу тие модели во камерата. Останатите најважни нешта се идентични - AMOLED дисплеј со дијагонала од 6,47 инчи, Snapdragon 730G процесор, батерија со капацитет од 5250mAh и 30W брзо полнење. Xiaomi Mi Note 10 Lite функционира со најновата верзија на оперативен систем (MIUI 11 базиран на Android 10).

Има и 3,5мм џек за слушалки, на задната страна има 4 камери, главен сензор на Sony од 64MP, 8MP ултра-широка камера, 5MP макро сензор и 2MP сензор за длабочина, така што нема телефото камера како Note 10. На пазарот излегува овој месец со цена од 349 евра со 6GB/64GB меморија или 399 евра за моделот со 6GB/128GB меморија.

Телефоните од Redmi 9 серијата порано беа претставени за други пазари, но кинескиот бренд сега глобално ги претстави како Redmi Note 9 и Note 9 Pro. Подобар е Pro моделот со дисплеј од 6,67 инчи и Snapdragon 720G процесор. Селфи камерата е скриена во дупката на екранот, додека од задната страна се наоѓаат четири камери од 64MP+8MP+5MP+2MP сензор за длабочина.

Телефонот има скенер за отпечатоци на прсти сместен на работ од десната страна, додека батеријата изнесува 5020mAh со 30W брзо полнење. На пазарот ќе чини 269 долари кога ќе се појави со 6GB/64GB или 299 долари за верзијата со 6/128GB.

Redmi Note 9 доаѓа со помал екран од 6,53 инчи и чипсетот MediaTek Helio G85 достапен во верзиите со 3/64 (цена 199 долари) и 4/128 (249 долари). Од предната страна се наоѓа камерата со 13MP, додека на задната страна има 4 камери - 48MP, 8MP ултраширока макро и длабочинска камера со резолуција од 2MP. Под камерата се наоѓа сензорот за отпечатоци на прсти, додека капацитетот на батеријата е ист како и кај помоќниот модел, само со помала брзина на полнење од 18W.