Наскоро ќе биде лансиран Huawei P30 Pro NE

Објавено на 04.05.2020 во Новости



Наскоро ќе биде лансиран Huawei P30 Pro NE

Huawei наскоро ќе го лансира свежиот модел Huawei P30 Pro New Edition кој ќе има мали измени во хардверот во однос на ланската верзија, а со тоа и значителни подобрувања за купувачите.

Huawei P30 Pro New Edition ќе пристигне со 6,47 инчен OLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, ќе работи со Kirin 980 процесор, 256 GB основна вградена меморија, 12 GB RAM меморија, батерија со капацитет од 4200 mAh и брзо полнење од 40W.

Huawei P30 Pro New Edition исто така ќе може да се пофали со главна камера со четири сензори и оптика на Leica, како и 32 мегапикселна селфи камера.