Невозможна мисија со Том Круз и Илон Маск: Првиот филм ќе се снима во вселената

Објавено на 05.05.2020 во Новости



Невозможна мисија со Том Круз и Илон Маск: Првиот филм ќе се снима во вселената

Том Круз, SpaceX и НАСА се здружиле за снимање на филм во вселената. Изгледа како невозможна мисија, но штом се вмешани Илон Маск и Том Круз, тогаш веруваме. Проектот е во рана фаза, според првичните информации.

Тешко е да се замисли дека цел филм ќе се снима во мала капсула, па се претпоставува дека само краток дел од филмот би можел да се снима во вселената. Инаку, на крајот на овој месец SpaceX ќе пренесе два астронаута од Меѓународната вселенската станица и тоа ќе биде првиот лет на Crew Dragon со човечки екипаж. Во иднина Маск размислува за комерзијализирање на вселенските летови и ќе ги користи за туризам.