Huawei развива платформа за хибридни школи за онлајн и физичка настава

Објавено на 06.05.2020 во Новости



Huawei развива платформа за хибридни школи за онлајн и физичка настава

Huawei во склоп на својот проект за паметно образование Huawei Smart Education започна со развој на сеопфатна дигитална платформа што овозможува „хибридно образование“, кое ги комбинира најдобрите спецификации за онлајн и физичка настава.

Huawei Smart Education комбинира напредна технологија, опрема и конкретни софтверски решенија, што ја користат над 2.500 универзитети и институции, 500.000 основни и средни школи, кои содржат 850 милиони ученици и студенти од цел свет. Основата на Huawei Smart Education и новата платформа за хибридно образование е Huawei Cloud, кој овозможува едноставна и безбедна работа прилагодена кон учениците, студентите и професорите, но и родителите и другите учесници во образовниот процес. Предноста кај оваа платформа е што има интеракција меѓу наставниците, учениците и родителите.