Интеграција на Meet и Gmail: Google сака „да го згази“ Zoom

Објавено на 06.05.2020 во Новости



Интеграција на Meet и Gmail: Google сака „да го згази“ Zoom

Секоја криза е за некого мајка, за некого маќеа. Така Zoom во оваа криза се издигна и тоа за гигантите е трн во око. Популарноста на Zoom порасна до небото. Microsoft забележа голем пораст со Microsoft Teams исто така, преку кој луѓето одржуваат видео конференции и состаноци. Facebook исто така искористи дел од колачот за видео разговори.

Google има слична програма со видео разговори што овозможува вклучување до 100 луѓе. До неодамна Google Meet беше достапен само за деловни корисници, но сега ќе може да го користат сите за видео разговори без временско ограничување, бесплатно. Google ќе ја интегрира апликацијата со Gmail, за да се појави како една од алатките од левата страна на мејлот кога ви е вклучен.