Huawei и официјално со Honor

Објавено на 26.09.2011 во Новости



Huawei и официјално со Honor

 

Huawei официјално го претстави нивниот нов смартфон Honor, но заборави да каже збор-два за перформансите.
 
Но, сепак, како што говореа претходните информации се работи за едно-јадрен процесор од 1.4GHz, 4 инчен FWVGA дисплеј (со резолуција од 854 x 480 пиксели), 512MB RAM меморија и внатрешна меморија од 4GB, камера од 8 мегапиксели.
 
Шоуто го води батерија од 1900mAh и Android Gingerbread. Засега познато е дека работи на повеќето мрежи (GSM 850 / 900 / 1800 /1900).
 
Исто така, интересен факт е дека тој ќе се појави речиси на сите континенти во исто време, а зажан е накаде пред Нова Година.