Xiaomi подготвен да го пушти MiUi 12 интерфејсот на глобално ниво

Објавено на 09.05.2020 во Новости



Xiaomi подготвен да го пушти MiUi 12 интерфејсот на глобално ниво

Xiaomi на 19 мај ќе го лансира на глобално ниво новиот кориснички интерфејс MiUi 12 кој неодамна имаше промоција во Кина заедно со новиот смартфон Mi 10 Youth како прв уред кој работи со новиот софтвер. 

Xiaomi MiUi 12 корисничкиот интерфејс ќе има неколку новитети во делот на Dark Mode режимот на работа со проширена намена. ќе ја подобри визуелната презентација со flat дизајн, ќе има нови алатки за мултитаскинг во делот recent, како и подобрувања на безбедноста преку следење на апликации кои ги злоупотребуваат одобрените пермиси од страна на корисникот.