Samsung Galaxy A21s прикажан со слика и нови детали

Објавено на 10.05.2020 во Новости



Samsung Galaxy A21s прикажан со слика и нови детали

Samsung Mobile ќе ја прошири средната поевтина класа со нов модел од кого се појави слика со претпоставен прв рендер и нови детали за неговите специфификации.

Samsung Galaxy A21s ќе има 6,5 инчен HD Plus дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Exynos 850 процесор, 3 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, на задната страна ќе има тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, а на предната страна ќе има селфи камера со 13 мегапиксели.

За Samsung Galaxy A21s исто така е познато дека ќе има батерија со капацитет од 5000 mAh, супер брзо полнење и USB Type C конектор.