Apple сели една петтина од производството во Индија

Објавено на 12.05.2020 во Новости



Apple сели една петтина од производството во Индија

Apple ја разгледува можноста за преселба на една петтина од вкупното производство на iPhone смартфони во Индија, за да не биде целосно зависен од условите во Кина, особено по пандемијата со КОВИД-19.

Повеќе фактори може да бидат клучни за ваков потег на гигантот од Купертино, како што се политичките тензии меѓу САД и Кина кои може да ескалираат и да се одразат врз бизнисот, се до проектираните зголемени трошоци за производство во кинеските фабрики.

Apple и натаму би ги користел услугите на производствените гигафабрики на Foxconn, но нивното седиште би се префрлило во Индија, особено за производство на смартфоните од средните класи како iPhone XR, iPhone SE и нови модели со слични карактеристики. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: